Светските медиуми пренесуваат дека тренерот на Ал Хилал, Жорге Жезус е главен кандидат за селектор на Бразил.
Наводно, Бразилската фудбалска конфедерација (ЦБФ) е подготвена да плати отштета од 2,5 милиони евра за 70-годишниот Португалец. ЦБФ сака Жоргее Жезус да ја преземе репрезентацијата на Бразил веќе во мај.
Жорге Жезус ја прифати понудата иако финансиски е многу послаба од договорот што го има во Саудиска Арабија, бидејќи тоа е „работа од соништата“. Сепак, иако неговата плата би била пет пати помала од таа во Ал Хилал, тој би имал голем поттик во бонусите.
Жезус веќе работеше во Бразил каде со успех раководеше Фламенго. Како тренер остави најголема трага во Бенфика, освојувајќи десет трофеи, меѓу кои и три шампионски титули на Португалија. Тој беше тренер и на Спортинг Лисабон и Брага, како и на Фенербахче.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА