Жезус: Поради Гвардиола плачев пред мајка ми

Бразилскиот фудбалер и член на Арсенал, Габриел Жезус во интервју за англиските медиумите говореше за неговото време поминато во Манчестер сити и соработката со Пеп Гвардиола.

Иако Гвардиола важи за еден од најдобрите тренери на сите времиња, бразилката ѕвезда вели дека поради него плачел.

„Имаше натпревар на кој Пеп го стави Зинченко да игра „лажна 9-ка“. Го паметите натпреварот? Во Лигата на шампиони, против ПСЖ, на домашен терен. Луда работа. Ден пред натпреварот, Зинченко не беше во комбинација на тренингот, јас играв како напаѓач. Следниот ден, на два часа пред натпреварот… Дури и самиот Зинченко се шегуваше со мене и ми рече, „тој ден навистина ми беше жал за тебе. Кога го соопшти тимот… не можев ниту да јадам. Се упатив право во соба, плачев. И се јавив на мајка ми да разговараме, и кажав, „сакам да заминам“. Ми се одеше дома, го стави него наместо мене. Стави лев бек во нападот наместо мене. Полудев, не можев да поверувам“, изјави Жезус.

Се вчитува...