Жезус прифатил да се врати во Фламенго

Португалскиот тренер Жорж Жезус одново ќе седне на клупата на Фламенго. Искусниот Жезус повторно ќе работи во Бразил, како најголема желба на анвивачите на овој тим. Овојпат Жезус на клупата на бразилскиот тим ќе заработува повеќе од неговиот претходен мандат.

Жезус уште во јануари ќе ја напушти Бенфика, со која има договор до 2022 година, но португалскиот тим ќе добие и отштета за трансферот на тренерот.

Во првиот мандат на клупата на Фламенго, донесе пет трофеи, вклучувајќи го и пехарот од Копа Либертадорес. Еден од кандидатите за клупата на Фламенго беше и прославениот италијански голман Валтер Зенга.

Се вчитува...