Жезус: Се што ќе кажете против црнците е расизам, за белците тоа не важи

Скандалот со наводниот расизам во Париз за време на натпреварот меѓу ПСЖ и Башакшехир се уште се наоѓа во центарот на вниманието на фудбалската јавност. И додека многумина го критикуваат романскиот судија за кажаното кон Вебо, тренерот на Бенфика, Жорге Жезус се јави со интересно гледиште на ситуацијата.

Според него, некоректно е коментарите за бојата на кожата да се земаат сериозно во предвид само кога станува збор за црномурестите луѓе.

„Не ги знам сите детали, така што не можам да ја коментирам конкретната ситуација. Сепак, ќе кажам дека расизмот денеска е многу модерна појава. Само ми пречи што се што ќе кажете против црнците може да биде окарактеризирано како расизам, додека истите тие работи не важат кога се говори против белците. А факт е дека гледаме многу вакви ситуации“, истакна Жезус.

Се вчитува...