ЖФК Драгон 2014 го освои Купот на Македонија за жени

Фудбалерките на ЖФК Драгон 2014 го освоија Купот на Македонија за жени откако во финалето кое се одигра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани славеа со 3-1 против ЖФК Тиверија.

 

„Драгонки“ успеаја сосема заслужено да стигнат до трофејот доминирајќи главно во текот на целиот натпревар за, на крајот, посакувано славје.

Дервиши, Нацева и Живиќ беа стрелци за триумфот на Драгон 2014, откако претходно Тиверија поведе со 0-1 со голот на Димоска.

Се вчитува...