Македонскиот шампион ЖФК Драгон доби тешка група во квалификациите за Лигата на шампионите за жени.
„Драгонки“ се најдоа во последната 10-та квалификациска група против Авалднес од Норвешка, Спортинг од Португалија и домаќинот Осијек од Хрватска. Турнирот ќе се игра од 7. до 13. јули во Осијек.
Најдобропласираните две екипи од групата продолжуваат во следната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА