ЖФК Љуботен казнет со одземање 9 бода за напуштањето на натпреварот со Ас Јунајтед

Дисциплинската комисија при ФФМ на својата денешна седница одлучи да го казни ЖФК Љуботен со одземање на 9 (девет) бода и парична казна од 750 евра поради напуштање на натпреварот против ЖФК АС Јунајтед во 17. коло од Првата женска фудбалска лига.

Исто така, Дисциплинската комисија на ФФМ покрена и постапка против претседателот на ЖФК Љуботен, Драгољуб Јовановски, поради повикување на фудбалерките на ЖФК Љуботен да го напуштат истиот натпревар.

Се вчитува...