ЖФК Љуботен прими 10 гола и ги заврши квалификациите во Лигата на шампионите

Македонскиот шампион во женски фудбал,  ЖФК Љуботен, неславно ги заврши настапите во квалификациите за Лигата на шампионите.

Девојките на Љуботен загубија со неверојатни 10-0 во четрвтфиналето од квалификациите за Лигата на шампионите на гостувањето против исландски Валур. Во Еншеде, ЖФК Љуботен доживеа вистински дебакл од секој аспект на играта.

Исланѓанките имаа дури 37 обиди кон голот на македонскиот шампион, од кои дури 18 шутеви во рамките на голот, за разлика од Љуботен кој за цели 90 минути имаше само еден обид кон противничкиот гол, и тој надвор од рамките на голот.

Се вчитува...