Македонскиот фудбалски шампион во женска конкуренција, екипата на ЖФК Љуботен ќе игра во Групата 3, против шампионот на Фарски Острови, Рунавик, на стартот од квалификациите во Лигата на шампионите.
Ако, пак, фудбалерките на Љуботен го минат првиот противник, тогаш во следниот квалификациски натпревар ќе се сретнат со победникот од дуелот помеѓу Славија Софија и ерменски Пјунук.
Првиот натпревар против Рунавик се игра на 13 јули, а вторите се играат на 2 август. Победникот од Групата 3, продолжува потоа во втората квалификациска рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

