ЖФК Љуботен: Се што бараше општина Тетово исполнивме и повторно не можеме да го користиме стадионот

Препукувањата меѓу општина Тетово и фудбалските клубови од овој град продолжува. Откако дел од клубовите, меѓу кој прв беше Тетекс удрија по општинската власт поради тоа што не им дозволува натпреварите да ги играат на градскиот стадион, со соопштение излезе денеска и женскиот шампион ЖФК Љуботен.

Од клубот велат дека сите услови кои ги барала општината се исполнети, но тие се уште немаат право на користиње на стадионот.

Се вчитува...