ЖФК Љуботен со големо засилување пред ЛШ, дојде бразилката Џованија

Џованија Домингас Кампос е новото засилување на екипата на ЖФК Љуботен. Во обидот што подобро да се промовира на меѓународната сцена, македонскиот шампион во женска конкуренција ангажираше уште едно звучно име во своите редови.

Џованија е 37-годишна искусна интернационалка која има освоено речиси се што може да се освои. Во минатото настапувајќи за селекцијата на Бразил, ја има освоено Копа Америка за жени во 2014 година.

Џованија настапувала за САо Пауло, Ирандуба, Виксале Окинава, Вегалта, Сао Хозе, Рио Прето, Хјундаи Стил, Ботукату, Франкана, Саад.

Се вчитува...