Фудбалерките на ЖФК Тиверија на убедлив начин стигнаа до трофејот во Купот на Македонија откако во финалето кое се играше на стадионот на ФК Кит-Го во Пехчево славеа со 5-0 против ЖФК Драгон.
Тиверија апсолутно доминираше на финалниот меч кој се одигра во убав амбиент во Малешевијата.
До победата стигна со головите на Ангела Стојковска, која стрелаше во два наврати, Теодора Димоска, Александра Ристовска и Рабија Дервиши.
Трофејот за освоениот Куп на Македонија на фудбалерките на ЖФК Тиверија им го додели членот на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, Светозар Станковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА