Жил: Македонија расте од година во година, ќе бидете уште подобри во иднина

ЕКИПА во Вараждин,

Стеван Цаневски

Францускиот селектор Гилјом Жил не го криеше задоволството што неговата селекција триумфално го заврши настапот во Вараждин, со максимален ефект патувајќи за четвртфиналната пресметка во Загреб, најверојатно против селекцијата на Египет.

“Беше специјално да се игра последниот меч од главната фаза против добар ривал како Македонија. Ние бевме веќе квалификувани, затоа го ротиравме тимот, но игравме сериозно. Не одигравме на највисоко ниво како што знаеме, но верувам дека ќе бидеме уште подобри во следната фаза. Гледам како Македонија расте во формата од година во година, секогаш е опасно да играме против вашата репрезентација и верувам дека ќе бидете уште подобри во иднина бидејќи имате млади и квалитетни ракометари во своите редови“, изјави Жил на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...