Жила со рекорд во Планица го одбрани светското злато на мали скокалници

Пјотр Жила успеа да го одбрани златниот медал на Мундијалите, откако скокна рекордни 105 метри на 90-метарската скокалница во словенечка Планица, иако после првата серија беше само на 13. позиција.

Воедно 36-годишниот Жила стана најстариот шампион на Мундијалите во т.н. мали скокалници.

За Полска ова беше шесто злато на 90-метарските скокалници. Втор беше Андреас Велингер од Германија, додека Карл Гајгер од Германија заврши на третата позиција.

Се вчитува...