„Жими мајка руските тенисерки се неутрални, па тие го поддржуваат Путин“

Бранот промени во (спортското) државјанство на руските тенисерки – две заминаа да играат за други земји во последната недела, три во последните два месеци предизвика реакција во спротивниот табор.

Украинската тенисерка Олександра Олијникова смета дека ова не е доволно, дека и другите тенисерки од Русија треба да го сторат истото. Оваа година, четири го сменија своето државјанство, а откако започна војната вкупно девет.

„Дури и без знаме до нивното име, тие можат да играат колку што сакаат. Колку се неутрални кога Путин ги прими по Олимписките игри и тие добија награди од него. Тие го поддржуваат Путин“, изјави Олијникова. 

Се вчитува...