Голгетерот на Штутгарт, Серхи Жираси, требаше да премине во Борусија Дортмунд, но трансферот моментално е стопиран. Трансферот на Серхи Жираси од Штутгарт во Дортмунд беше најавен за среда, но лекарскиот тим на Борусија откри проблем при прегледот и засега се е во мирување.
„За време на лекарскиот преглед на Серхи Жираси беше откриена повреда која бара дополнителна истрага“, се вели во соопштението на Дортмунд.
Засега нема повеќе информации од Борусија за напредокот на трансферот. Поранешниот фудбалер на Келн блесна минатата сезона во дресот на Штутгарт. Тој постигна 28 гола во исто толку натпревари во Бундеслигата.
🚨🟡⚫️ Borussia Dortmund official statement on Serhou Guirassy.
“During a medical examination of Serhou Guirassy, an injury was discovered that requires further clarification”.
More to follow. pic.twitter.com/3L9vJYQ31K
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА