Жирито гледаше некој друг меч: Чуден избор за МВП на дуелот Белгија – Данска

Белгија го преспа цело прво полувреме во Копенхаген против Данска, но по влегувањето во игра на Кевин де Бруине ситуацијата на теренот се промени, а асот на Манчестер Сити со една аситенција и еден гол донесе триумф на „црвените ѓаволи“.

Токму затоа, изненадувачки делува фактот дека стручното жири на УЕФА не го избра Де Бруине за МВП на мечот, туку оваа награда му ја додели на неговиот репрезентативен колега, Ромелу Лукаку. Голгетерот на Интер беше солиден, учествуваше во акциите при двата гола, но Лукаку сепак со прикажаното беше далеку зад Де Бруине.

За трагедијата да е поголема, образложението за оваа награда е дека „Ромелу Лукаку добива признание за сензационалното издание во второто полувреме“. Ако она што го прикажа Лукаку беше сензационално, како ли би го опишале настапот на Кевин де Бруине…. Членовите на жирито очигледно гледале некој друг натпревар…

Се вчитува...