Жирона добива звучно име за настап во Лигата на шампионите

Шпанија оваа сезона доби изненадувачки учесник во Лигата на шампионите. Тимот на Жирона со одличните настапи сезоната, успеа да избори место во најелитното европско натпреварување, а сега тргнува по засилувања кои ќе му донесат успех во „елитата“.

Каталонските медиуми пишуваат дека овој тим веќе ги контактирала агентите на играчот на Ливерпул, Тиаго Алкантара за можноста овој фудбалер да стане дел од овој тим. Жирона има намера да му понуди враќање во Шпанија после 11 години.

Алкантара е дете на Барселона, а во 2013 година од Реал Мадрид се пресели во Баерн Минхен, а потоа во 2019 година замина во Ливерпул. Но, на „Енфилд“ го следеа многу повреди, при што не беше на нивото од минатото.

Се вчитува...