Жирона донесе голман на Олимпик Марсеј по повредата на Тер Штеген

Шпанскиот клуб Жирона успеа да потпише нов голман, после повредата на Марк-Андре Тер Штеген и заминувањето на Доминик Ливаковиќ оваа зима. Жирона се засили со чуварот на мрежата на Барселона кој дојде како позајмен, меѓутоа веднаш се повреди, па мораше да реагира и да донесе нов чувар на мрежата.

Во Жирона дојде голманот Рубен Бланко кој досега бранеше во Олимпик Марсеј, но го заврши својот престој во францускиот клуб, и како позајмен доаѓа во тимот. Сепак, 30-годишникот малку добиваше шанса за тимот на Марсеј во овие четири години колку што беше дел од Французите.

Бланко најмногу се истакна со бранење во Селта, каде беше од 2013 до 2023 година, а бранеше и за помладите селекции на Шпанија.

Се вчитува...