Хитот на минатата сезона во шпанската Ла лига, Жирона во среда со гостувањето кај францускиот шампион Пари Сен Жермен ќе го одигра првиот историски натпревар во Лигата на шампионите.
Дел од оваа историја ќе биде и најдобриот македонски напаѓач во моментов Бојан Миовски. Токму со Македонецот, клубот од Каталонија го најави својот премиерен настап во елитата. На профилите на социјалните мрежи на Жирона стоеше „Бојан е подготвен!“ со фотографија од нашиот фудбалер.
Bojan is ready! 🇲🇰✨#UCL pic.twitter.com/TfKlo8HJsl
— Girona FC (@GironaFC_Engl) September 16, 2024
Mиовски за ЕКИПА.МК говореше и за своите очекувања од настапот во Лигата на шампионите…
„Потпишав четиригодишен договор со Жирона, играм во една од најдобрите лиги во светот. Пред мене е Лигата на шампионите што ќе биде едно ново искуство за мене. Ми се реализира сонот од детството со тоа што ќе играм во Лигата на шампионите. Се надевам дека настапите во ЛШ и искуството што ќе го собирам таму ќе ми помогнат и во репрезентацијата“, изјави Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА