Жирона со супер-пресврт останува во борба за највисок пласман во Ла лига (ВИДЕО)

Фудбалерите на Жирона продолжуваат да бидат вистински хит во шпанскиот шампионат оваа сезона. Тимот од Каталонија стигна до нова победа откако по пресврт славеше над Алмерија со 5-2 во меч од 10. коло во Ла лига.

Гостите изненадувачки со два брзи гола на Лео Баптистао до 24. минута стигнаа до водство од 0-2. Сепак, домаќините во фуриозна завршница во периодот од 37. до 43. минута со едниот гол на Мартин и двата на Довбик направија целосен пресврт од 3-2. Во вториот дел Савиот зголеми на 4-2 во 71. минута, додека конечните 5-2 беа дело на Стуани во 82. минута.

Girona [3] – 2 Almería | Artem Dovbyk 43'
byu/ManuMora98 insoccer

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...