Оливие Жиру ја разгоре војната за титулата меѓу Интер и Милан откако францускиот голгетер ги „пецна“ лутите ривали од синиот дел на Милано, истакнувајќи дека е пресреќен што не потпишал договор со овој клуб, кој исто така го барал за трансфер при заминувањето од Челси.
Французинот беше многу поблиску до Интер отколку до Милан пред да го има телефонскиот разговор со Паоло Малдини, па од сегашна перспектива не го крие задоволството што не е член на „нероаѕурите“.
„Слободно можам да кажам дека играњето за Милан е „члаг на тортата“ за мојата кариера. Само кога ќе се сетам, бев толку блиску до Интер… но Господ ги прави работите за мое добро,ме врати на вистинскиот пат. Отсекогаш сум велел дека Милан е мојот омилен клуб во Италија, ми се оствари сонот да играм за еден толку голем тим“, изјави Жиру за францускиот весник Л’Екип.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА