Оливие Жиру го продолжи договорот со италијанскиот шампион Милан до 2024 година. Откако синоќа го постигна единствениот гол за својот тим во ремито со Наполи (1-1) кое значеше полуфинале за „росонерите“ по пауза од 2007 година, Жиру денеска доби награда во нов договор.
Неговиот досегашен траеше до крајот на годината, но Французинот и покрај фактот што има 36-години се покажа како клучен шраф во машината на миланезите, по што тие решија да го задржат и уште една сезона.
✍ @_OlivierGiroud_ pics of the day
Ha firmato Giroud ✍🎶 (C’è chi la sta cantando e chi mente)
️ #SempreMilan pic.twitter.com/wAcZIl1zVS— AC Milan (@acmilan) April 19, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА