Жиру е негативен на Ковид-19 – ќе биде дел од тимот против Лацио

Милан ќе може да смета на услугите на францускиот голгетер Оливие Жиру за мечот против Лацио откако напаѓачот доби негативен тест на коронавирус.

Французинот кој одлично ја започна новата сезона за „росонерите“, претходната недела ја помина во изолација поради позитивен тест на коронавирусот, а добрите вести за „црвено-црните“ не можеа да дојдат во подобар можен момент бидејќи покрај него во тимот се враќаат и Ибрахимовиќ и Кеси.

Жиру во претходните два меча постигна два гола и со тоа стави дознаење дека сеуште се наоѓа во одлична форма.

Се вчитува...