Милан одигра уште еден одличен меч на стартот од сезонава, рутински славејќи над Торино со 4-1. „Росонерите“ покажуваат значаен напредок во играта во однос на ланската сезона, новите засилувања успешно се адаптираат во тимот, што веднаш се одразува и врз резултатите.
Оливие Жиру беше стрелец на два гола, двата од пенал, а францускиот ветеран по мечот испрати јасна порака до ривалите – дека Милан е подготвен за атак на трофеи.
„Имав среќа да добиеме два пенали, верувајте дека не е лесно тие да се претворат во гол, но успеав и дадов свој придонес во оваа победа. Играме одличен фудбал и мислам дека не треба да бидеме тивки и да се криеме. Не треба да биде тајна, одиме по скудетото, а ако ни се укаже шанса зошто да не и по трофејот во Лигата на Шампионите. Имаме повеќе и квалитет и квантитет од пред две години, кога бевме шампиони, добро е што знаеме како се станува првак, тоа искуство ќе ни биде драгоцено. Секако дека нема да биде лесно, има шест или седум екипи со слични амбиции, но јас верувам во Милан“, изјави Оливие Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

