Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд во Оливие Жиру ја гледма можната замена за нивната гол-машина, Пјер-Емерик Обамејанг. Со Габонецот на излезна врата од клубот, „милионерите“ се подготвени да издвојат 25 милиони евра за Жиру, а исто толку нудат и Вест Хем, Евертон и Олимпик Марсеј.
Очигледно е дека Жиру нема да биде во прв план кај Венгер кога станува збор за напаѓачките опции ниту во новата сезона. Рекордниот трансфер на Лаказет во редовите на Арсенал, за 30-годишниот Французин е знак дека може да бара нова средина, откако и самиот истакна дека постои таква опција.
„Искрено, постои опција да го напуштам клубот. Моментно сум играч на Арсенал, потпишав нов договор во јануари, но ако добијам интересна понуда, добро ќе размислам. Секогаш се трудев да придонесам најмногу што можам за Арсенал, а што и да се случи, секогаш ќе бидам благодарен на овој клуб и на навивачите за прекрасните моменти“, истакна францускиот репрезентативец, Оливие Жиру.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА