Жиру не се откажува од репрезентацијата: Имам уште многу да дадам за Франција

Иако се предвидуваше дека Мундијалот во Катар ќе му биде последна активност во дресот на француската репрезентација, Оливие Жиру демантира репреентативна пензија, и вели дека и натаму ќе игра во дресот на „триколорите“.

До сега напаѓачот на Милан одигра 120 натпревари во дресот на Франција и постигна 53 гола, со што стана најдобар стрелец на селекцијата. Тој сака да игра за репрезентацијата и на следното ЕП 2024 година.

„Не, не е готово. Не сум подготовен да се откажам од синиот дрес кој ми е во срцето. Имам мотивација да одам напред, и физички сум подготвен. Се чувствувам добро, и во овој момент и натаму ги исполнувам условите да бидам избран за репрезентацијата на Франција“, рече Жиру.

Се вчитува...