Жиру нема да се врати во репрезентацијата: Јас го завршив мојот дел…

Ветеранот Оливие Жиру нема да игра повеќе за француската репрезентација, откако ја отфрли можноста да се врати во националниот тим. Тој се наоѓа во добра форма, постигна два гола во два натпревари, со што се подгреаја можностите да биде одново дел од „триколорите“.

Сепак, поранешниот играч на Челси, Арсенал, Милан засега не ја разгледува таа опција.

„Бев многу возбуден, се чувствувам привилигиран од гласините за враќање. Но, за мене тоа е завршено. Никогаш не вели никогаш, меѓутоа знам дека Франција има многу талентирани играчи кои одат со брзи чекори напред, и ќе мора да ја нашишат својата историја. Јас го завршив мојот дел од работата, сега тие ќе мора да го направат нивниот“, рече Жиру.

Францускиот напаѓач одигра 137 натпревари за националниот тим, постигнувајќи 57 голови и стана најдобар стрелец за својата селекција.

Се вчитува...