Жиру одби понуда да се врати во Англија и не „мрда“ од Милано

Во следните денови напаѓачот на Милан, Оливие Жиру ќе треба да го потпише новиот договор со Милан, кој ќе биде со важност до јуни 2024 година. Жиру има договор со Милан до крајот на оваа сезона, но наводно двете страни се договориле за нова едногодишна соработка

Специјалистот за трансфери Фабрицио Романо тврди дека Жиру неодамна одбил понуда да се врати во Англија, само да остане на „Сан Сиро“. Наводно понудата била од Евертон, меѓутоа Французинот е среќен во Милан и нема намера одново да заигра во Премиерлигата.

Жиру во Англија играше во Арсенал и во Челси, а во Милан дојде во 2021 година. И покрај тоа што ќе остане, Милан има цел во летниот преоден рок да ангажира уште еден напаѓач, со оглед дека Ибрахимовиќ ќе си оди, а пред заминување е и Дивок Ориги.

Се вчитува...