Францускиот напаѓач Оливие Жиру би можел да се врати во Европа и во Франција, откако Лил пројавува интерес за неговите услуги. Поранешниот фудбалер на Арсенал, Челси и Милан, во моментов е дел од Лос Анџелес, и нема играно во Франција од 2012 година, кога од Монпеље замина во Арсенал.
Наводно клубот веќе стапил во контакт со Жиру, и сака да го донесе уште во овој преоден рок, односно шест месеци пред истек на неговиот договор со Лос Анџелес.
Жиру во 10 меча оваа сезона, поситигна три гола. Лил го сака Жиру како втор напаѓач, а ќе мора да бара главен голгетер, со оглед дека Џоантан Дејвид ќе го напушти тимот во овој преоден рок како слободен агент.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

