Жиру по ремито во Неапол: Разочаран сум и лут

Наполи и Милан ремизираа со 2-2 во дербито на 10. коло во Серија А. „Росонерите“ беа подобри во првото полувреме, на крилја на Оливие Жиру стигнаа до два гола, но неаполитанците успеаја да се вратат во второто полувреме и да изедначат преку Политано и Распадори.

Жиру беше заменет во 81. минута, потег кој воопшто не му се допадна на Французинот и не ја пропушти шансата да го искритикува по крајот на средбата.

„Лично среќен сум што постигнав два гола, меѓутоа раочаран сум од резултатот. Имавме многу шанси, можевме да победиме, но не успеавме да го затвориме натпреварот. Лут сум и фрустриран поради тоа бидејќи Интер победи во својот натпревар. Се надевам дека овие два бода нема да не чинат многу подоцна во сезоната“, изјави Жиру кој се осврна и кон замената.

И јас сум човек,  не сум робот. Разочаран сум бидејќи знам дека можев да помогнам уште повеќе. Имав доволно енергија, сакав да остаанам во игра. Се смирив после пет минути и му се извинив на тренерот. Ја почитувам неговата одлука, но го сакав само најдоброто за тимот, сакав победа“.

Се вчитува...