Францускиот репрезентативец Оливие Жиру би можел во овој летен преоден рок да се врати во татковината. За него сериозно е заинтересиран Олимпик Марсеј, посебно откако можноста за ангажман на Марио Балотели.
По доаѓањето на Маурицио Сари, се претпоставува дека Жиру нема светла иднина на „Стемфорд бриџ“, а медиумите на Островот се погласно го најавуваат неговото заминување. Жиру во татковината настапуваше за Гренобл, потоа беше во Тур, од 2010 до 2012 година го носеше дресот на Монпелје, со кој успеа да стигне и до шампионската титула во Франција. Тој беше дел од селекцијата на Франција која пред две седмици стана светски првак. За „триколорите“ досега запиша 81 настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА