Францускиот интернационалец Оливие Жиру пред финалето во Лигата на Европа меѓу Челси и Арсенал упати провокации кон навивачите на „топчиите“ велејќи дека неговата крв сега е „сина“ и не размислува за деновите поминати на „Емирејтс“.
„Секогаш сакам да играм против поранешните клубови. Ќе биде многу тешко, а може и да е болно ако не оди така како што се надевам. Уживав во годините кои ги поминав во Арсенал. Тоа беше значаен период од мојата кариера. Мој прв клуб во Англија и тоа секогаш ќе биде нешто посебно. Сепак, сега мојата крв е ‘сина’, исто како во репрезентативниот дрес. Добро ми стои сината боја“, изјави Жиру.
Жиру сезонава во дресот на Челси во Лигата на Европа на 13 натпревари постигна 10 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА