Жиру стави крај на „црната серија“ на Милан

Милан ја прекина серијата порази во Калчо-лигата откако „росонерите“ славеа на вечерашниот дуел против Торино со минимални 1-0. Тренерот Стефано Пиоли не отстапи од формацијата со тројца дефанзивци за која беше критикуван по дербито со Интер, неговиот тим повторно беше далеку од својата топ-форма, но затоа го имаше Оливие Жиру, кој одлично се снајде во второто полувреме и ја донесе толку посакуваната победа.

„Росонерите“ се соочија со сериозни проблеми да диктираат темпо и да создаваат шанси во противничкиот шеснаесетник, иако Пиоли во однос на последното дерби со Милан се реши да им даде шанса на Леао и на Брахим Дијаз како поддршка за Жиру, но и двајцата не беа на посакуваното ниво.

Како клучен се покажа голот што го постигна Жиру во второто полувреме, кога францускиот ветеран одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник, со прецизен удар со глава на асистенција на Тео Ернандез матирајќи го голманот Милинковиќ – Савиќ. Торино мораше да се отвори, а Милан пропушти стопроцентна шанса за втор гол кога Ернандез се најде осамен на десетина метри, но додавањето на Калулу не успеа да го претвори во втор гол за својот тим.

Се вчитува...