Легендарниот француски репрезентативец Оливие Жиру синоќа беше херојот на Лил во победата на неговиот тим против Црвена Звезда, со кој Французите се пласираа во осминафиналето на Лига Европа.
Престојот на легендарната „Маракана“, Жиру го искористи да ги разгледа и клупските простории и музејот на Црвена Звезда, а таму посебно место се издвоени фотографиите на најдобриот македонски фудбалер во историјата, Дарко Панчев, посебно онаа од пеналот во Бари кој ја донесе европската титула за црвено-белите.
Па, Жиру беше најзаинтересиран за тоа кој и ја донесе титулата на Црвена Звезда таа 1991 година, веднаш добивајќи одговор од домаќините дека тоа е Дарко Панчев кој потоа играше и за Интер.
„А, да, да… Панчев…, играше и за Југославија. Тоа е човекот кој ви ја донесе титулата“ – прокоментира Жиру.
Францускиот напаѓач во 1991 година имаше само пет години, па сигурно и не се сеќава на европскиот шампион од тоа време.
Но, интересно, Жиру во периодот од 2012 до 2018 година настапувеше за Арсенал под палката на Арсен Венгер, кога и ги имаше најсветлите години во својата кариера. А, токму Венгер во неколку наврати посакуваше да го ангажира во своите тимови македонскиот голгетер Дарко Панчев. Но, Дарко, ете судбината сакаше, никогаш да не заигра во тим кој го предводи Венгер, а кој секогаш имал најпофални зборови за македонската „Златна копачка“.
СЛУШНЕТЕ ШТО ЛЕГЕНДАРНИОТ АРСЕН ВЕНГЕР ЗБОРУВАШЕ ЗА ДАРКО ПАНЧЕВ…
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

