Оливие Жиру мина само четири минути на теренот пред да го постигне својот дебитантски погодок за Милан. Францускиот ас влезе во игра во 61. минута од дуелот со Ница, а веќе во 65. минута го потврди својот голгетерски инстинкт, откако се најде на вистинското место по еден слободен удар и со прецизен удар со глава го матираше противничкиот голман.
Жиру летово пристигна на „Сан Сиро“ од редовите на Челси и нема сомнеж дека Французинот ќе биде огромно засилување на „росонерите“, кои по подолго време ќе бидат дел и од групната фаза во Лигата на Шампионите.
Giroud header on his AC Milan debut off the bench @_OlivierGiroud_ 😍👏 pic.twitter.com/ZWYjcMUEwn
— Dubois (@CFCDUBois) July 31, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА