Екипата на Лил стигна до победа во дербито против Монако од 1-0. Голот вреден победа беше дел на искусниот Оливие Жиру во првата минута од судиското надополнување на мечот.
Натпреварот изобилуваше со неколку шанси на двете страни, а најголемите возбудувања се случија пред самиот финиш од мечот.
Најпрво Жиру успеа да донесе предност, а потоа искусниот голгетер и промаши пенал за водство од 2-0. Сепак, на крајот се добро се заврши за него, со оглед дека набрзо беше свирен крај, и неговиот гол донесе триумф на Лил, прв во новата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

