Жиру „жртва“ на грабеж од речиси пола милион евра

Оливие Жиру , кој се пресели од Милан во тимот на Лос Анџелес во МЛС Лигата летото 2024 година, беше жртва на грабеж во американскиот град на почетокот на февруари.

Веста ја објави веб-страницата ТМЗ, која го цитираше и сведочењето на партнерот на францускиот репрезентативец. Напаѓачот на својот имот пронашол скршен прозорец и пријавил во полиција.

За време на грабежот нема извештаи за повредени, бидејќи семејството на Жиру не било дома. Според американските медиуми, криминалците украле накит и други луксузни предмети во вредност од околу 477.000 евра. Полицијата во Лос Анџелес се уште не ги идентификувала сторителите на злосторството и ја продолжува истрагата.

Се вчитува...