Во присуство на бројни гости, соработници, деловни партнери, вработени и претставници од медиумите, компанијата ЖИТО маркети го прослави своето триесет годишно работење. Настанот се одржа во пријатна и топла атмосфера во винаријата Стоби, под знакот на жетвата и традицијата. Идејата на домаќинот беше да се собере на едно место проширеното семејство на Жито Маркети, да се пожнее успехот од 30 години постоење, како крај на еден успешен циклус и да се започне нов уште подобар од претходниот.
Од отворањето на првото продажно место во Велес, во далечната 1988 година па сé до денес ЖИТО маркети располага со 55 супермаркети распределени во повеќе општини во Македонија, а со своите 850 вработени веќе претставуа препознатлив бренд во својата област.
Компанијата неуморно инвестира во својот развој и денес делува во повеќе области. Од 2006 година ЖИТО почнува со инвестиции во областа на земјоделството, земајќи под концесија 220 хектари обработлива површина, засадена со овошни и лозови насади.
За своите лојални потрошувачи ЖИТО создаде картичка под името “Навика да добивам повеќе”. Со оваа картичка потрошувачите не само што добиваат повеќе, туку и активно учествуваат во донирањето на средства за хуманитарни цели. Благодарение на одговорот на граѓаните и купувачите на ЖИТО маркети, со лојалната картичка, досега се реализирани многубројни хуманитарни проекти од кои ги издвојуваме: четири донации за болниците во Кочани, Кичево, Куманово и Велес. Донацијата за СОС Детско село, каде тимот на ЖИТО Маркети донираше постелнини, перници и средства за хигиена за седумдесетина дечиња. Потоа следи хуманитарна помош за жителите од поплавените подрачја во тетовскиот регион со донација од 11 340 литри вода, па преку кампањата „Заедно да помогнеме“, со која беа опфатени семејствата згрижени од Црвениот Крст како и набавката на амбулантно возило за Здравствениот дом во Крупањ, Србија. Листата на хуманитарни дејности на ЖИТО маркети опфаќа различни региони и осетливи категории на население, а желбата да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна е голема.
На присутните им се обрати и сопственикот на ЖИТО, г-динот Јоваче Ѓошевски со зборовите:
“Убава е глетката вечерва, растреперено е срцето, полна е душата. Тука се моите другари со кои заедно започнавме да го градиме бизнисот, заедно растевме, си подававме рака и се поддржувавме. До нив ги гледам и нашите ученици, млади менаџери, верни, лојални, желни за нови успеси и продолжување на приказната.
Тука е и моето семејство, мојата сопруга, синовите, мојата потпора и сила, моето се!
Горд сум и среќен што после 30 години постоење, чесно и домаќинско работење можам да кажам дека успеавме и дека мојот сон стана реалност. Вредеа сите непроспиени ноќи, сите донесени одлуки, сиот вложен труд. Успехот од 30 години постоење го должам на моето семејство, моите вработени и Вам пријатели мои. Затоа од ден во ден, од недела во недела, макотрпно работиме да го направиме ЖИТО – среќно семејство на што е можно поголем број на граѓани”.
Раководството им додели благодарници со златник и сребреник за своите вработени со стаж од повеќе од дваесет години, како мал симбол на благодарност и уважување на долгогодишниот труд.
Соодветно со концептот на настанот, во знакот на традиционалните македонски вредности, за сликата да биде комплетна, присутните ги стоплија и забавуваа групата Љубојна, во придружба на танчарска група и ди џеј.
Комерцијален текст
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА