Живко Мукаетов и РФМ, успешната приказна продолжува (Фотогалерија)

Живко Мукетов и во наредните четири години ќе ја извршува функцијата претседател на Ракометната Федерација на Македонија, откако денеска со акламација доби нов мандат како предводник на мак-ракометот.

Мукаетов во претходните два мандати успеа да го крене функционирањето на ракометниот спорт на највисоко ниво, овозможувајќи перфектни услови за работа за репрезентациите, но и помагајќи ги клубовите преку ослободување од такси и давачки.

Успешниот бизнисмен се соочува со нов предизвик, поради смената на генерации во машката репрезентација, но Мукаетов уште на самото собрание јасно стави до знаење дека е свесен за проблемот, но и мотивиран да најде решение за овој процес да помине што побезболно, за успешната приказна да продолжи…

 

Се вчитува...