Живко Мукаетов најави заминување од РФМ!

Претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, Живко Мукаетов, на денешното Годишно собрание на куќата на ракометот најави дека на крајот од својот мандат ќе се повлече од претседателската функција.

Мукаетов во своето обраќање најави дека следната година Годишното собрание ќе се одржи во втората половина од месец февруари, а тој воопшто нема да се кандидира за нов мандат.

„Уште сега можам да најавам декаследното собрание ќе биде одржано меѓу 15 февруари и 1 март. Тоа ќе биде Изборно собрание, а јас нема да бидам кандидат за претседател на истото“, изјави Живко Мукаетов.

Успешниот бизнисмен успеа да го крене ракометот на уште повисоко ниво, со континуитет од настапи на големите натпреварувања што трае подолго од една деценија, но истовремено и развивајќи го младинскиот ракомет како редовен учесник на европските и светските првенства, како и враќање на Македонија на големата сцена во женскиот ракомет.

Се вчитува...