Живна Ферари, Фетел на пол позицијата во Канада

Себастијан Фетел конечно ја разби доминацијата на Мерцедес. Ја освои пол позицијата за трката за Големата награда на Канада победувајќи го Хамилтон буквално во последните секунди од завршната квалификациска сесија Луис Хамилтон и тоа само за 0.206 секунди.

Актуелниот шампион ќе го пополни првиот стартен ред. Во вториот ќе бидат вториот возач на Ферари, Леклер кој имаше трет резултат во квалификациите и Рикиардо од Рено.

Во пресрет на утрешната трка, Хамилтон е на врвот на генералниот поредок со 17 бода пред Валтери Ботас, Фетел на на третата позција со заостанување од 82 бода зад лидерот.

 

 

 

Се вчитува...