Поранешниот играч на Саутемптон, Вирџил Ван Дајк, пред неколку дена со Ливерпул потпиша договор „тежок“ дури 80 милиони евра со што стана најскап дефанзивец во историјата.
Рекордниот трансфер го стави холандскиот фудбалер во центарот на вниманието на светските медиуми. А, освен деталите за неговата кариера, во јавноста излезе и неговата интересна животна приказна. Ван Дајк поминал трновит пат до сегашната слава.
На почетокот од својата фудбалска кариера во родната Бреда, Ван Дајк времето пред тренинзите го користел да заработи некое евро плус миејќи садови. Според сторијата објавена во „Мирор“, холандскиот стопер pred 10 години тогаш како 16-годишник, работел како помошник во кујна во ресторанот „Вујко Жан“, дури и имал понуда да го напушти фудбалот и да стане готвач. Но, Ван Дајк не ги послушал тие совети и се покажа дека тогаш ја донел најдобрата одлука во животот.
Неговиот тогашен шеф во ресторанот Жак Липс, бил фрапиран од веста за милионскиот трансфер на неговиот поранешен мијач на садови.
„75 милиони фунти? Ќе морам да повторам. Седумдесет и пет милиони фунти!!! Апсолутно луда цифра“ – изикува Жак Липс, и додава:
„Вирџил беше добар работник. Вешто ги стругаше тенџерињата. Доаѓаше во ресторанот да помогне кога имаше најголема мешаница. И секогаш сакаше да стане фудбалер, затоа и замина во соседниот клуб Вилем Втори. А јас често знаев да му кажам : „Остави го фудбалот, измиј некој сад повеќе“. Се шегував, Вирџил е одлично момче. Неговото име и телефонскиот број се уште се во нашиот бележник. Му се јавив, се разбира не за да се врати да мие садови, туку за да му честитам. Многу сме среќни поради него“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА