Животната драма има хепиенд: Симаниќ официјално потпиша со нов клуб

Бориша Симаниќ се соочи со животна драма по страшната повреда за време на Мундобаскет 2023 кога српскиот кошаркар остана без бубрег по еден дуел со кошаркарите на Јужен Судан.

За среќа, лекарите во Манила се изборија за неговиот живот, по враќањето во Србија следеше долга рехабилитациска програма, за денеска да биде исполнета голематажелба на Бориша, тој повторно да заигра професионално кошарка.

Крилниот кошаркар во изминатите дваесетина дена тренираше со Игокеа, a откако неодамна одигра и еден меч за овој клуб, управата реши да му понуди официјален едногодишен договор што беше потпишан денека.

„Српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ потпиша договор со Игокеа. Тој се враќа на терените по повеќе од една година пауза по операцијата предизвикана од тешката повреда заработена играјќи за српската репрезентација на Мундобаскет во Манила“, објави Игокеа.

Последниот клупски ангажман на Симаниќ беше во екипата на Сарагоса во сезоната 2022/23, каде имашр просек од 6,9 поени и 3,5 скокови по натпревар.

Се вчитува...