Животната драма на Фреј: Повторно учам да одам…

Себастијан Фреј долги години важеше за еден од најдобрите голмани во Калчо-лигата, но францускиот ас ги изненади многубројните следбеници на социјалните мрежи обелоденувајќи дека се соочувал со тешка борба за живот.

„Пред три седмици отидов во болница бидејќи имав температура од 40 степени што никако не можев да ја спушта. После неколку тестови лекарите во мојот организам најдоа вирус кој малку по малку, успеа целосно да ме онеспособи. Можеше и да ме земе од овој свет, но за среќа тоа не се случи“ – напиша Фреј на своите профили на социјалните мрежи.

Во суштина, тоа била класична борба за живот во која поранешниот фудбалер успеал да излезе како победник.

„За среќа, го минав тој голем тест. Сега пред мене е нов предизвик, да почнам повторно да одам како порано, да можам да го држам моето бебе во рацете. Секогаш сум играл за да победам, така ќе биде и сега“ – порача Себастијан Фреј.

Се вчитува...