Некогаш најплатениот фудбалер во светот, Езекиел Лавеци го поминува веројатно најтешкиот период од својот живот во последните 40 дена. Лавеци на почетокот на јануари беше примен во болницата во Буенос Аирес поради предозирање, а денеска, повеќе од три недели подоцна, се уште е на клиниката.
Ова се случи само десет дена по веста дека по расправија бил избоден неколку пати. Во меѓувреме контактирал со психијатрија, а „Марка“ објави дека лекарите ја потврдиле дијагнозата на Лавеци и констатирале хипоманија, хронично нарушување на расположението.
„Тој не се лекува од злоупотреба на дрога или алкохол, туку од психијатриско нарушување што може да доведе до самоповредување и може да биде предизвикано од различни фактори“, објасни адвокатот на Лавеци.
Адвокатот исто така објасни дека хипоманичната епизода може да трае од еден до четири дена, а се уште нема одреден датум кога Лавеци треба да ја напушти клиниката. Хипоманија, која обично е дел од биполарното растројство, исто така познато како манична депресија.
Ова нарушување, кое погодува еден процент од луѓето, се карактеризира со силни осцилации на расположението и енергијата помеѓу два афективни пола – од депресија до неутрална состојба до еуфорија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

