Давид Силва во финишот од ланската сезона се соочи со огромни приватни проблеми откако неговата сопруга предвреме се породи, па со месеци траеше битката да се спаси животот на нивниот син Матео. Поради ова Шпанецот често патуваше за татковината, клубот му излезе во пресрет да пропушти неколку натпревари и да се фокусира на она што дефинитивно му беше најважно во тој период од животот.
Денеска, животот е многу поубав за Давид Силва, малиот Матео ја доби најважната битка, па шпанскиот генијалец пред денешниот дуел со Хадерсфилд се појави на теренот држејќи го синот во рацете.
А поголем мотив за добра игра и не постоеше, па Силва постигна фантастичен погодок од слободен удар, посветувајќи го токму на својот син.
? x 1,000,000 pic.twitter.com/xFHyZYaHyC
— Manchester City (@ManCity) August 19, 2018
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА