Животот пишува романи: Меси го тешеше пред 15 години, сега ќе играат заедно на Светското првенство

Неверојатна приказна ни доаѓа од Хаити, малата земја која избори сензационален настап на Светското првенство во 2026 година. А, таму дел од составот ќе биде и Луцуус Дон Дедсон кој пред 15 години имаше средба со Лионел Меси под тешки услови, а сега ќе присуствува заедно со легендарниот фудбалер на најголемиот фудбалски собир.

Имено, кога во 2010 година разорен земјотрес го погоди Хаити, тошка надеж на граѓаните на оваа држава им даде Лионел Меси кој ја посети државата во организација на УНИЦЕФ.

Тогаш легендарниот Аргентинец се фотографираше со млади деца, а од нив беше и Дон Дедсон кој интересно постигна гол во стилот на Меси со што избори неговата репрезентација да биде дел од Мундијалот.

Се вчитува...