Бразилскиот голгетер Весли Мораеш летово за 25 милиони се пресели од редовите на Клуб Бриж во Астон Вила. Уште од првиот натпревар ги воодушеви навивачите на клубот од Бирмингем. Во осум натпревари во Премиер-лигата тој забележа четири гола и една асистенција со што се издвои како прва ѕвезда на клубот.
Весли моментално ужива во славата, но на почетокот не било ништо така лесно. На девет годишна возраст го загубил таткото, а на 14 години добил син, ситуација која му помогнала побрзо да созрее. Раѓањето на синот го натерало што побрзо да обезбеди сигурна егзистенција на живот, а сфатил дека тоа е можно преку работата во која е најдобар, а тоа е фудбалот. Второто дете го добил на 16 години.
Исто така имал и голем физички хендикеп. Десната нога му е три центиметри пократка од левата, сличен проблем како и тој на легендарниот бразилски фудбалер Гаринча. Тој многу млад успеал да ги преброди сите проблеми, а во моментов е идол на многу млади навивачи на премиерлигашот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА