Анте Жижиќ е подготвен за камбек во европската кошарка по три сезони минати во НБА-лигата. Сепак, нов клуб на хрвтскиот центар нема да биде Реал Мадрид како штос е најавуваше, туку Макаби Тел Авив. Израелскиот гигант ја добил трката за ангажман на Хрватот, кој во наредните денови треба и официјално да пристигне во Тел Авив на потпис на договорот и промоција како најголемо засилување на Макаби во овој преоден рок.
Овој 23-годишен центар не се снајде најдобро во НБА, каде во дресот на Кливленд во просек играше по 13,4 минути, постигнувајќи по шест поени и 3,9 скокови по натпревар.
Во меѓувреме, Реал Мадрид ќе ја продолжи потрагата по нов центар, откако „кралевите“ во текот на летово ги напушти и Џордан Мики, кој реши да се врати во таборот на Химки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА